Шок за јануари – Чуден трансфер на Ван Перси?

Робин Ван Перси до крајот на јануари би можел да направи еден од најчудните трансфери за кои сте слушнале.

Тој моментално игра за Фенербахче, но во последно време се почесто е на клупата, отколку во првиот тим.

Се споменуваа голем број клубови кои би можеле да го донесат, а меѓу другите тимови од Англија и Холандија, изгледа дека Ван Перси би можел да заврши во Бразил.

Сао Паоло е заинтересиран за него, а доколку тој се пресели во Бразил тоа ќе биде еден од најчудните трансфери.