Ѓоковиќ во четвртфинале, Федерер остана зад него на вечната листа


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Седумкратниот освојувач го победи 132. тенисер на планетата со 7:6 (6), 6:3, 3:6, 6:3 по три часа и 25 минути игра.

Го елиминираше играчот кој до оваа рунда стигна преку Рубљов, Ван де Зандшулп, Фонсека, остварувајќи четврта победа во исто толку меѓусебни натпревари.

Му беше тешко. Во првиот сет мораше да се враќа од 2:5, додека третиот период го изгуби.

Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Феликс Оже-Алијасим – Алехандро Давидович Фокина.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ испиша историја на Вимблдон по триумфот над Роман Сафјулин. Ова беше 106. победа за Ѓоковиќ на терените на Ол Ингланд клубот.