Ѓоковиќ игра во Монте Карло!

Новак Ѓоковиќ нема да игра во Мајами, но добиваме информации дека ќе биде подготвен за првиот мастерс оваа година во Монте Карло.

Минатата година немаше среќа и уште во второто коло беше отфрлен.

Засега познато е дека на мастерсот нема да настапуваат Рожер Федерер, Гаел Монфилс и Кеј Нишикори, а настапот на првиот тенисер во светот, Енди Мареј и понатаму е под знак прашалник.

Турнирот е на програмата од 16ти до 23ти април.