Ѓоковиќ лесно до второто коло, Клижан го предаде мечот

Практично без голема борба српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во второто коло на Вимблдон откако Словакот, Мартин Клижан го предаде мечот при 1:0 во сетови.

Србинот лесно го доби првиот се со 6:3, додека во вториот имаше водство од 2:0 кога Клижан го предаде мечот поради повреда.

Во второто коло Ѓоковиќ ќе се сретне со Адам Павлашек, а веќе во следното коло би требало да го гледаме првиот дерби дуел меѓу Дел Потро и Ѓоковиќ.

Покрај Ѓоковиќ успешен настап имаше и Федерер кој слично како Ѓоковиќ го доби натпреварот откако неговиот противник при резултат 1:0 во сетови го предаде натпреварот.

Дел Потро, Зверев, Монфилс, Симон, Бердих, Тием и Изнер без проблем се пласираа во второто коло од неофицијалното светско првенство во тенис.