Јувентус се согласи да го продаде Дибала?

Пауло Дибала би можел да го напушти Јувентус во летниот преоден рок.

Англиските медиуми пишуваат дека Јувентус одговорил на понудата на Сити за Дибала и дека тој ќе игра во Манчестер наредната година.

Дибала наводно треба да биде замена за Агуеро кој се наоѓа на излезни врати.

Сити за 23-годишниот играч подготви понуда од 21 милион фунти и еден фудбалер.

Наводно, Јувентус е подготвен да ја прифати понудата. Голем интерес за Дибала претходно покажаа Барселона и Реал Мадрид.

Аргентинецот дојде во Јувентус во 2015-та година од Палермо за 32 милиони евра, а оваа сезона постигна 8 голови во 23 натпревари.