Официјално: Валенсија стигна на Гудисон!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се е готово, репрезентативецот на Еквадор е ново засилување на Евертон.

Пред самиот крај на преодниот рок се очекуваше Муса Сисоко во редовите на Евертон, тој трансфер сепак пропадна, а во Ливерпул стигна напаѓачот на Вест Хем и репрезентативец на Еквадор Енер Валенсија!

Како што најавивме, тој доаѓа на едногодишна позајмица, а Карамелите ќе можат да го откупат на крајот на сезоната за сума од 14.5 милиони фунти.

Тој на новите соиграчи ќе се придружи после репрезентативните обврски.

Валенсија во Лондон стигна во 2014 година од Пачука, а во дресот на Чеканите одигра 64 натпревари, а за тоа време постигна и 10 голови.