Британец на пол позиција на Силверстоун


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од пол позиција на утрешната трка на ГН на Велика Британија на патеката Силверстоун ќе стартува Кал Крачло, возачот на ЛЦР Хонда.

На домашен терен Крачло ја освои првата пол позиција во МОТО ГП. Од првиот стартен ред ќе стартуваат и Валентино Роси од Јамаха и Маверик Вињалес од Сузуки. Дани Педроса ќе стартува од четвртата позиција, а неговиот клупски колега, Марк Маркез кој падна од петата позиција. Возачот кој падна во последниот момент од квалификациите, Лаверти ќе стартува од шестата позиција. Скот Рединг беше уште една жртва на дождливата патека во Велика Британија, тој ќе стартува од седмата позиција. Возачот на Дукати, Андреа Јаноне од осмата позиција. Хорхе Лоренцо заврши на 9-та позиција, а Андреа Довициозо ќе стартува од 10-та позиција, тој исто така падна.