Лалана во последните секунди за триумф на Англија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Квалификациите за Светското првенство во групата Ф почнаа со два многу интересни резултати. Ангтлија ја победи Словачка со 1:0 со гол во последна секунда, додека Словенија ремизираше со Литванија (2:2).

Словачка и Англија во Трнава одиграа меч, кој донекаде не понуди многу.

Првото полувреме посебно беше за заборав, а мечот се отвори после црвениот картон на денес бруталниот Мартин Шкртел во 57 минута од мечот.

Англичаните имаа неколку добри шанси. Најдобрата ја имаше Адам Лалана кој ја погоди стативата во 76 минута, но Лалала прецизен беше во судиското продолжение за победа на Гордиот Албион во дебито на Сем Алардајс на клупата на Англија.

Словенија во последните моменти дојде до бод кај Литванија (2:2). Черничев и Сливка погодија во две минути за Литванија, а Словенија преку Крхина се врати во мечот во 77 минута за 2:1. До бод Словенците дојдоа во судиското продолжение од мечот кога Цезар погоди за конечни 2:2.