Макелеле го откри најдобриот играч со кој има играно и ги збуни сите со неговиот одговор


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Поранешниот фудбалер на Челси и Реал Мадрид, Макелеле го откри името на најдобриот соиграч со кој има играно.

    Неговиот избор ги збуни сите. Сите очекуваа да го каже името на Зинедин Зидан и другите ѕвезди на клубот, но тој даде интересен одговор.

    „Нема да кажам дека е Зидан, бидејќи ми е пријател. Најдобриот фудбалер со кого сум играл е Иван Елгера. Играше со мене во средниот ред во Реал, трениравме заедно, и знаеше точно каде ќе бидам во даден момент на теренот. Не моравме воопшто да разговараме, погледот ни беше доволен“, изјави Макелеле.

    Французинот ги напушти „кралевите“ во 2003. година и се пресели во Челси.