Поранешен шампион се враќа во Мото ГП?


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Се појавија шпекулации дека во наредната трка во Арагон би можеле повторно да го видиме Ники Хејден.

    Хејден би требало да го замени Џек Милер.

    Светскиот шампион од 2006 сега се натпреварува во Супербајк, а беше подготвен да го замени Милер и во Силверстоун, но тогаш беше одлучено дека Милер може да вози на таа трка.

    Откако Милер поради повреда на раката се повлече од трката во Мизан, се поизвесно е дека во Арагон ќе го видиме Ники Хејден.

    Ако Хејден излезе на патеката, во Арагон ќе имаме 2 возачи на Супербајк бидејќи Бредли Смит го заменува Алекс Луис.