Фабрегас се огласи после приказните дека го напушта Челси


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Шпанскиот фудбалер Сеск Фабрегас поминува низ вистински пекол во Челси на почетокот на новата сезона.

    Фабрегас во последната сезона беше еден од најважните играчи на лондонската екипа, но со доаѓањето на Антонио Конте го загуби местото во првата екипа.

    Шпанскиот репрезентативец мечевите воглавно ги почнува од клупата, а во последно време се повеќе се зборува за тоа дека ќе ги напушти Сините.

    Во меѓувреме се шпекулира дека Фабрегасд својата кариера ќе ја продолжи во италијанската Серија А, а после се конечно се огласи и играчот на Челси.

    Сините денеска играат против Лестер и се чини дека Фабрегас конечно може да биде во првиот состав.

    „Чест ми е што во петок против Ливерпул ќе го одиграм својот 100 натпревар за овој клуб. Се надевам дека ќе одиграм уште толку, дека ќе бидам во првиот состав“, напиша Фабрегас.

    Очигледно дека шпанскиот играч не сака лесно да се откаже од првата екипа и да го напушти Челси.

    Ова се лоши вести за Милан и Интер кои стрпливо сакаат да го грабнат Фагрегас во јануари.