„Го одбив Интер“


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Плејмејкерот на Реал Мадрид Џејмс Родригез ја одби понудата на Интер во минатото лето.

    Долго се шпекулираше за можно заминување на Колумбиецот од Реал Мадрид бидејќи не беше во плановите на тренерот Зинедин Зидан за стартниот состав.

    Сепак, момчето платено 80 милиони евра во 2014 година на Монако се одлулчи да се бори за своето место на Сантијаго Бернабе.

    „Не сакав да го напуштам Реал ниту сум бил во искушение да заминам од Сантијаго Бернаб. Отсекогаш сум зборувам сум и со телото и душата овде во Мадрид. Официјални понуди немаше, но ме сакаше Интер, јасно им реков дека сакам да останам“, изјави Родригез.

    Тој во неделата ја режираше победа на Реал над Еспањол со Барселона (2:0), иако во тимот не беа Кристијано Роналдо и Герет Бејл.