„Не направив ништо илегално“


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Откако се појавија информации дека Надал добил дозвола од Меѓународната анти допинг агенција да користи некои забранети лекови, даде своја изјава и Надал.

    „Кога добивате дозвола за лек кој е дел од терапија тогаш не си направил ништо што е илегално. Никогаш немам користено средства за да ги подобрам моите перформанси. Лековите ги користев затоа што докторот ми кажа дека тие се најдобри за моето колено.“

    Веќе долго време се зборува дека Надал и во минатото имал користено нелегални средства, а тој поради истиве шпекулации имаше поднесено тужба против поранешната министерка за спорт на Франција.

    „Спортот мора да биде чист и тоа мора сите да го знаат. Не смееме да ги лажеме луѓето. Би било добро за сите, резултатите од допинг тестовите да бидам јавно објавени. Сметам дека вака би бил решен проблемот.“