Виљареал ја запре победничката серија на Реал


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Денес се одиграа уште два натпревари од Ла Лига.

    Првото полувреме беше без поголеми шанси за погодок се до 45-та минута кога Серхио Рамос ја фати топката со рака во казнениот простор и беше досуден пенал. Бруно ја зеде топката и беше сигурен од белата точка. На стартот на второто полувреме Серхио Рамос ја поправи грешката со тоа што со глава погоди и го израмни резултатот. Реал преку Бејл и Бензема се закани после погодокот, но беа непрецизни. Алваро Мората во 83-та минута шутираше со глава, но голманот на Виљареал, Серхио Асенхо фантастично одбрани. 90-та минута и голема шанса за Кристијано Роналдо кој шутираше директно во рацете на Асенхо. На крајот резултатот, 1:1. Ова е прво реми за Реал Мадрид оваа сезона.

    Селта Виго славеше со 2:1 на Балаидос против Спортинг Хихон. Маљо погоди за водство на Селта Виго. Во периодот од 80-90 минута видовме два пенали, по еден на двете страни. Чоп прво израмни, а Аспас ги постави конечните 2:1.