„Ќе се обидам да возам во Арагон“


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Францускиот возач, Лорис Баз изјави дека ќе се обиде да вози во Арагон.

    Тој и понатаму заздравува од повредата која ја заработи во Силверстоун, кога имаше страшен судир со Еспаргаро.

    „Не сум на максимумот, и понатаму чувствувам болка, но можам да го поместувам стапалото и да го управувам моторот, а тоа е доволно за да се обидам. Се надевам на позитивен викенд во Арагон и на некој бод ако е тоа возможно.“

    Да потсетиме, во Мото ГП шампионатот се враќа Ники Хејден, шампионот од 2006 година, како замена за Милер во Марк ВДС тимот.