„Надал не е измамник“


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Легендарниот шведски тенисер, Виландер изјави дека во светот на спортот постојат измамници, но дека Надал не е еден од нив.

    Руска хакерска група во понеделникот објави дека 29-годишниот Шпанец барал дозвола да користи одредени супстанции кои се на листата на забранети за терапевтска употреба. Според документите од Светската анти-допинг агенција, Надал во 2009 и 2012 година користел инекции на тетракосактид, кој го стимулира произведувањето на кортикостероиди.

    „Секогаш ќе има такви кои се обидуваат да искористат одредена ситуација, но еден од таквите сигурно не е Надал.“

    Виландер, исто така, изјави дека тенисот  е целосно чист спорт.

    „Може да им верувате на тенисертите, можете да верувате генерално на тениската култура, како и на индивидуалци.“

    Виландер додаде и дека не е сигурен дека во тенисот некогаш е виден случај дека некој лажел и се обидел да се извлече.  А вели и дека доколку некој тенисер го прекршил правилото, тоа ќе биде наивна грешка.