Болница во Мадрид, двајца мораат на нова пауза!


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Лоши вести за Зинедин Зидан.

    Марсело и Касемиро ќе мораат на пауза, и Реал Мадрид нема да може да смета на нив меѓу 15 и 20 дена.

    Марсело доживеа повреда во неделното реми со Виљареал, на теренот во првото полувреме го замени Карвахал, а денешните тестови покажаа дека Бразилецот мора да паузира 15 дена што значи дека пропушта три дуели.

    Истата работа важи и за Касемиро, кој се поведи на минатиот натпревар со Еспањол, тој ќе мора нешто подолго да отсуствува, околу три недели, но ќе го зафати и репрезентативната пауза па истотака ќе пропушти три натпревари.

    Реал Мадрид во сабота гостува кај Лас Палмас, потоа оди на Борусија во Дортмунд во Лигата на шампионите, а наредниот викенд игра против Еибар.

    Се очекува дека Марсело и Касемиро ќе бидат спремни за гостувањето кај Бетис, после репрезентативната пауза, поточно на 15 октомври.

    Нивните места во екипата ќе ги завземат Начо Фернандез и Хамес Родригез или Матео Ковачиќ.