„Арагон повеќе им одговара на Хонда“


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Валентино Роси мора да победува до крајот ако ја сака 8-та титула, но во претстојниот викенд го очекува „невозможна“ мисија во Шпанија.

    Иако ги доби претходните 2 на Пиринеите, 14-та по ред сезона Арагон е резервиран за домашните возачи.

    Исклучок е Австралијанецот, Кејси Стонер кој ги доби трките во 2010 и 2011.

    „Ги добив двете трки кои ги сакам во Шпанија, Херес и Барселона. Сега следат 2 во кои немам добар резултат во последните години. Бев добар минатата сезона во Арагон, направив грешка, паднав на 6-то место, па стигнав на 2 секунди од победа. Можеби научив нешто од тоа. Тоа е тешка патека која повеќе и одговара на Хонда отколку на Јамаха.“

    Роси на 5 трки до крајот има 43 бодови помалку од лидерот Марк Маркез.

    „Крајот ќе биде кога ниту математички повеќе нема да имаме шанса да го стигнеме Маркез. Никако претходно. Иако сме далеку, ќе се бориме до крајот.“