Манчестер Јунајтед и Милан најавуваат зимска војна за играч на Реал Мадрид!


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Во Реал е отпишан, во Манчестер Јунајтед и Милан е многу потребен.

    Зинедин Зидан не смета на одличниот организатор на игра – Иско, кој веќе на зима може да ја промени среданата.

    Иско во оваа сезона во целост падна во втор план, на последниот натпревар иако ги немаше Модриќ ни Касемиро меѓу 18 играчи, тој целиот меч го преседе на клупата.

    На претходните мечеви, дури Матео Ковачиќ доби шанса пред него, па јасно е дека Иско може да побара нов клуб и да замине во случај на вистинска понуда.

    Манчестер Јунајтед има проблем во средниот ред, во организацијата на нападот, поради што Вејн Руни е често на удар и токму Шпанецот може да го заземе неговото место позади нападот.

    Што се однесува до Милан, јасно е дека новите богати соственици спремаат целосна реконструкција и дека на нив звезда како иско е многу потребно. Јунајтед е во подобра положба што се однесува до парите, Премиер лигата е атрактивна, но доколку Иско добие клучен играч кај Винченцо Монтела, може да го избере Сан Сиро.

    Реал Мадрид плати на Малага 30 милиони евра за играчот за врска пред три години за негов трансфер, а Флорентино Перез нема да го пушти под 40 милиони евра.