Јаноне нема да вози на Арагон: Откриена неговата замена


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Возачот на Дукати, Јаноне одлучи да ја пропушти трката за ГН на Арагон поради силните болки на првиот тренинг.

    Јаноне пред 2 недели на патеката „Марко Симончели“ доживеа скршеница на пршлен, поради што докторите не му дозволија да вози на претходната трка. Поточно, докторите на самата патека не му дадоа зелено светло и покрај противењето на главниот лекар на Мото ГП шампионатот, а и самиот Италијанец.

    По доаѓањето во Арагон, Јаноне доби дозвола да вози и на првиот тренинг заврши на 6-то место, но поради болки во вратот одлучи да не вози во текот на викендов.

    Тест возачот на Дукати, Пиро кој го замени Јаноне во Мизан, ќе вози на трката во Арагон.

    Бидејќи Јаноне нема да вози во Арагон, тоа значи дека му остануваат само 4 трки во Дукати, пред да премине во Сузуки.

    „Ова е многу тешка одлука за мене. Одлучив да го завршам својот викенд, бидејќи чувствувам голема болка по 3-4 кругови. Мислам дека возач без контрола е многу опасен и во овој момент не се чувствувам дека можам да го контролирам својот мотор.“