Битка во Арагон: Маркез, Роси.. или некој друг?


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Од Мизан, Мото ГП серијата се сели на патеката „Моторленд“ во Арагон.

    Тоа што сите се прашуваат е дали е можно во 9-та трка по ред да видиме и 9-ти победник.

    На претходната трка во Мизна победи Педроса. Маркез мудро го заддржа 4-то место и не му дозволи на Роси да му се приближи во борба за титулата.

    Пол позиција освои Маркез, втор ќе започне Вињалес, а трет Лоренцо. 4-то место во квалификациите имаше Довициозо, 5-ти беше Крачлоу, а 6-ти Роси.

    Маркез и понатаму има сигурна предност, скоро цели 2 трки. Тоа што треба да се спомене пред трката во Арагон е дека нема да возат повредените Милер и Баз. Австралијанецот ќе го замени Хејден додека местото на Французинот ќе биде Лоу.

    „Моторленд“ е изграден во 2009 година. Најбрз круг има Дани Педроса од 2010. Интересно е дека оваа патека беше домаќин и на Супербајк шампионатот, а во 2012 година се возеше и трката на најдобрите велосипедисти.

    Дизајнер е Херман Толке, познат, но не и така омилен германски архитект. Долга е 5 километри и 78 метри, а исто така има и 16 свиоци. Ова е последна сезона од договорот со Дорн, па така можно е управата на оваа патека  да зборува со Кармело и да го продолжат договорот.