Зидан откри зошто се одлучи Роналдо да го пресели на клупата


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Реал Мадрид во рамките на 6 коло ремизираше со Лас Палмас (2:2), а со одлуката на тренерот на кралскиот клуб Кристијано Роналдо мораше во 72 минута на клупа.

    Португалецот беше лут, едвај поздрави било кого околу себе, а свесен за неговото незаволство е и Зинедин Зидан.

    „Нормално дека играчите сакаат да играат, но јас морам да се грижам за нив. Посебно за Кристијано. Добро играше, меѓутоа имаме натпревар во вторник и расмислував за тој ден“, објасни Зидан.

    Тој се наврати потоа и на натпреварот: „Во фудбалот нормално аако некогаш не ги искористиш своите шанси, но треба да останете фокусиран до крајот. Тешко е да примеш гол пред крајот. Против Виљареал бевме лоши во првото полувреме, но овој пат бевме активни од почетокот до крајот. Сепак, кога ќе примиш два гола, не може да биде добро“, истакна Зидан.

    Кралскиот клуб после ремито остана на лидерската позиција со еден бод повеќе од Барселона. На третото место е Атлетико Мадрид.