Мириса на затвор: Кривична истрага против Дерек Роуз!


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Плејмејкерот на Њујорк, Роуз се наоѓа во спор со девојка, која го обвини за силување, а сега е започната и кривична истрага против него.

    27-годишниот кошаркар на 4-ти октомври го очекува судење по обвинението за силување на девојка која бара 21.5 милиони долари.

    Во случајот кој го започна спорното случување во 2013 година, судијата прво го заштити идентитетот на девојката, но минатата недела беше донесена одлука според која јавноста би требало да го дознае нејзиното име и податоци.

    А во меѓувреме полицијата во Лос Анџелес започна кривична истрага за да остане нејзиниот идентитет и понатаму таен.

    Наводната жртва на силување при поднесување на пријавата против Роуз сакала прво приватност, а тоа надлежниот детектив го забележал и таа изјава ќе се користи пред судот.

    Роуз освен што треба да плати „големи“ пари, би можел да добие и повеќегодишна затворска казна.