40-ка за Горење – Вардар останува непобеден во СЕХА


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Ракометарите на Вардар славеа против Горење Велење со 40:32.

    Доминацијата домашните ракометари ја почнаа уште од почеток. На полувреме се замина со предност од 9 погодоци за македонскиот шампион, 21:12. По полувремето вардарци продолжија да ја зголемуваат предноста. Словенците стигнаа само до 6 негатива и тоа во 41-ва минута и тоа беше се што направија на овој натпревар. До крајот Вардар ја задржа предноста и славеше со 40:32.

    Тимур Дибиров со 7 погодоци го предводеше Вардар до победа. Стојанче Стоилов и Фереира Мораеш додадоја по 5 погодоци. Брумен со 7 погодоци беше најефикасен кај Горење.