Страшна трагедија: Почина играч во Охрид!


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Камерун Мур почина на првиот тренинг со својот нов клуб Охрид.

    Американецот колабирал вчера вечер околу 22 часот, по што била повикана брза помош.

    За жал, за 25 годишниот играч немало спас.

    Од полицијата во Охрид е соопштено дека на телото на Мур не се пронајдени траги на насилство, а причината за смртта ќе се знае под обдукцијата. Претходно тој ги имал поминато лекарските прегледи на кои се било чисто.

    АБ Охрид успеа да избори настап во првата македонска лига, а Американецот требаше да биде големо засилување.

    Мур од 2008 до 2012 година играше за Универзитетот УАБ Блејзерс, а потоа проба и во летната лига, како и во Д лигата.