ГН Јапонија: Пол позиција за Розберг на „Сузука“


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Возачот на Мерцедес, Розберг ја освои пол позицијата пред ГН на Јапонија.

    Германецот стигна до 8-та пол позиција оваа сезона, а 30-та во кариерата.

    Розберг во првиот ред ќе стартува заедно со Хамилтон кој беше 2-ор додека на 3-то место заврши Раиконен од Ферари.

    Голема борба се водеше помеѓу 2-та Мерцедеси, а на крајот подобар беше Розберг. Најдобрите 3-ца ги следеше Фетел, но поради казна тој нема да стартува од 4-то место туку од 7-мо, поради казната која ја доби минатата недела во Малезија за инцидентот со Розбрег.

    Поради тоа сите ќе бидат поместени за 1 место нанапред, Ферстапен ќе тргне од 4-то место, а по него ќе бидат Рикардо и Перез. По нив следи Фетел, па потоа Грожан и Гутијерез.