„Никогаш не сум го видел Мурињо така посрамотен“


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Жозе Мурињо против Челси го доживеаа еден од најголемите порази во неговата кариера.

    Неговиот Манчестер Јунајтед беше тешко поразен од Челси (4:0), а легендарниот напаѓач на Њукасл, Алан Ширер вели деа никогаш не го видел Мурињо така посрамотен.

    „Никогаш не сум го видел толку посрамотен. Неговите играчи го пострамотија името на Манчестер Јунајтед, со исклучок на Давид Де Геа. Најголемиот проблем е Дејли Блинд, но и одбраната комплетно. Пол Погба не ги оправда парите вложени во него, а Златан целосно се изгуби“, изјави Ширер.

    „Сир Алекс се прашуваше што се случува на теренот. Луи Ван Гал потроши богатство на засилувања, Мурињо исто така и ете што се случува. Играчите не играат онака како што тој очекува и итно мора да пронајде играчи кои ќе пролеваат крв за него во дресот на Јунајтед“, додаде Ширер.