Челси не го пушта својот играч во Барселона или Баерн!


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Конте бара решение во одбраната, тоа можеби се наоѓа и во нивниот тим, а ситуацијата ја следат гиганти од Европа, но и Борусија.

    Конте од доаѓањето во Челси постојано бара квалитетен одбранбен играч кој би му ги решил проблемите во одбраната. Прво идеја беше да го донесат Кулибали од Наполи, но Де Лаурентис не се откажа од него.

    Потоа се појави приказна дека Конте би можел да го донесе Бонучи, но набрзо беше јасно дека тој нема да го менува тимот.

    Последна опција беше Ромањоли од Милан, Челси беше подготвне да плати 55 милиони евра, но Милан не сакаше да го продаде.

    Решение Конте може да има токму во својот тим, поточно играч кој е на Челси, но е на позјамица во моментов. Станува збор за Кристенсен, кој игра одлично во Борусија Менхенгладбах.

    Тој вече 2-ра година е на позјамица во германскиот клуб, а тие би сакале да го задржат.

    Сепак, тој самиот признава дека би сакал да заигра во Челси.

    Од друга страна доколку Челси не го сака во свои редови, ќе гледа да го продаде на „помал“ клуб, меѓу кои Борусија би добила предност.

    „Тој ќе биде играч од светска класа. Челси сигурно нема да продаде квалитетен играч во Баерн или Барселона.“, изјави Еберл.