„Тежок е животот во Манчестер“


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Португалскиот стручнак изјави дека има проблем да се адаптира на животот во Манчестер Јунајтед бидејќи е одвоен од својата фамилија.

    Жозе Мурињо не ужива најдобар старт како тренер на Манчестер, но изгледа дека не е животно исполнет во овој момент.

    Едноставно, му недостасува фамилијата, ќе речеме дека и премногу бидејќи истакна дека неговиот претстој во Манчестер е „ужас“. Не само поради тоа, улога имаат и папараците.

    „За мене се е ова ужасно бидејќи некогаш сакам да шетам, а не можам. Сакам да одам во ресторани, да го преминам овој мост. Да купам куќа? Не знам, не знам. Реалност е дека мојата ќерка Матилда ќе наполни 20 години во следната недела. Мојот син за неколку месеци ќе наполни 17“, рече Мурињо.

    „Тие се многу стабилни личности. Матилда студира во Лондон. Жозе Јуниор игра фудбал таму. Не се повеќе во годините кога трчаат по мене. Прв пат сме раздвоени“, рече Мурињо.

    Тогаш зборуваше и за папараците кои го спречуваат за слободно да оди низ улиците на градот.

    „За мене е ужас и тоа, не можам слободно да се прошетам низ градот. Можам да нарачам достава на храна што понекогаш и тоа го работам, но не е тоа“, рече Мурињо.