„Судијата беше одличен, а нашите играчи фантастични“


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Помошникот на Жозе Мурињо Руи Фариа го пофали судењето на мечот на Манчестер Јунајтед – Барнли.

    Црвените ѓаволи одиграа 0:0 со Барнли, а Мурињо е исклучен после што протестираше кај судијата Марк Клатенбург поради недосудениот пенал над  Матео Дармијан.

    „Не знам што се случи. Не е важно што Жозе рече, тоа што е важно е напишано во извештајот на судијата. Мислам дека тој одработи фантастична работа и нема ништо да речам за тоа“, рече Фариа.

    „Треба да се честита на момците, тоа беше фантастичен настап. Доминиравме со 11 играчи, крееиравме шанси, но не сакаше во голот. Дури и со 10 играчи ја контролиравме играта. Нашите играчи беа фантастични“, додаде првиот човек на Мурињо.

    „Луѓето на стадионот можеа да видат дека играчите даваа се од себе. Се боревме се до последната секунда и мораме да продолжиме вака да работиме. Во фудбалот некогаш ќе направиме неколку шанси и ќе постигнете гол од секоја, а некогаш ни од 100 шанси нема да можете да постигнете гол. Така е тоа во фудбалот“, смета Фариа.