АТП Бризбејн: Димитров, Тим и Раониќ во ¼-финале


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Григор Димитров и Доминик Тим се пласираа во ¼-финале во Бризбејн, бидејќи беа подобри од Николас Мауа и Сем Грот.

Димитров во 2 сетови го победи Мауа со 6:2 и 6:4 и ќе игра против Тим кој го победи Грон со 7:6 и 6:3.

Познати се уште 2 ¼-финални парови, Кајл Едмунг игра против Станислав Вавринка додека Кеи Нишикори игра против Џордан Томпсон.

Понатаму се пласираше и Милош Раониќ кој со 6:3 и 6:2 го победи Диего Шварцман.

Турнирот во Бризбејн се игра за награден фонд од 437.380 долари.