Хопман куп: Франција е шампион!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во финалето на Хопман купот денес играа Франција и САД.

По голема борба, на крајот успеаа Французите да победат и да го освојат Хопман купот со 2:1.

Во првиот натпревар одигран денес, Гаске беше подобар од Сок со 2:1 во сетови, односно 6:3, 5:7 и 7:6.

Потоа играа Младеновиќ и Вандевеге, а подобра беше Американката со 4:6 и 5:7.

Во решавачкиот, трет натпревар денес кој се играше во мешани двојки, Гаске и Младеновиќ беа подобри од Сок и Вандевеге со 2:0, односно 4:1 и 4:3 и така и донесоа голема победа на Франција против САД.