Хансдотер победи на слаломот во Флахау

January 10th, 2017 | by stefan
Хансдотер победи на слаломот во Флахау
Останато
0

Шведската скијачка, Фрида Хансдотер славеше денес во слаломот кој се одржа во австрискиот Флахау.

Хансдотер славеше заблагодарувајќи на првиот дел по која имаше голема предност, па само швајцарката Венди Холденер успеа да заостане под една секунда.

Во вториот дел најдобра беше американката Микаела Шифрин, но неа тоа и беше доволно само за да го подели третото место со Венди Холденер. Помеѓу нив на второто место се најде Нина Лосет.

Времето на победничката беше 1:51:40, а Лосет заостануваше 0.58 стотинки, а Шифрин и Холденер по 0.78.

Во слалом Шифрин е убедливо прва со 560 бода, а зад неа е Вероника Зузулува со 435 бода. Кога се работи за вкупниот пласман, Шифрин има 1008 бода, а зад неа е Лара Гут со 643 бода.

 

Comments are closed.

I Like SuperSport close[x]
Или почекајте 20 секунди