Пука БОМБА на лето – Обамејанг го напушта Дортмунд за 80 милиони!

January 11th, 2017 | by pance
Пука БОМБА на лето – Обамејанг го напушта Дортмунд за 80 милиони!
Вести
0

Доверливиот СпортБилд тврди дека Зинедин Зидан се откажа брзоногиот напаѓач кој се враќа во Франција.

Веќе некое време Пјер Емерик Обамејанг е потенцијална ѕвезда на преодниот рок, а изгледа дека чука часот за трансфер бомба. И тоа каква- од дури 80 милиони евра.

Германски СпортБилд објави вечерва дека Зинедин Зидан се откажа од доведување на репрезентативецот на Габон на Сантијаго Бернабе и дека напаѓачот на Дортмунд, на кого договорот на Весфален истекува во 2020 година, сега е уште подостапен на ПСЖ кој не жали пари да го доведе.

Реал во оваа зима има забрана за доведување на засилување поради ФИФА ембаргото, но според информациите на добро информираниот германски весник на состанокот на раководството на Мадриѓаните неодамна е дискутирано за негов трансфер после што е констатирано дека 27-годишниот напаѓач не е во плановите на тренерот на Реал без оглед што не крие што од мал е фан на Кралскиот клуб.

Според наводите на весникот, Обамејанг не се вклопува во прилогот на фудбалер кој е потребен на Зидан во тимот веќе две ракети на крилата – Кристијано Роналдо и Герет Бејл сака да им придодаде уште едне расен центафор, што според негово мислење Обамејанг не е. Зидан е задоволен со сонародникот Карим Бензема, но и неговата замена Мората и младиот Маријано Диаз па нема во блиско време да брза за засилувања во шпицот.

За Борусија од Дортмунд оваа информација е добра вест, бидејќи ќе се ослободат од еден змеј, но остануваат да се надеваат дека Обамејанг ќе посака да остане на Вестфаслен до наредното лето.

Да потсетиме, тој неодамна одби богата понуда од Кина, а после откажувањето на Реал, останува интересот на Пари Сен Жермен и Манчестер Сити за брзоногиот напаѓач.

Токму Светците се главни кандидати да стигнат до Обамејанг, а според информациите на СпортБилд, трансферот на репрезентативецот на Габон на Паркот на Принцевите ќе изнесува дури 80 милиони евра и може да биде рекорден во следното лето.

Но, до него дојде, подвлекува весникот, потребно е веќе сега некој да повлечи потег позади завесата, па челниците на Светците да го искористат Купот на африканските нациии и да го испитаат теренот и да видат какво е расположението кај брзоногиот фудбалер, кој судејќи според се нема да го исполни ветувањето на дедо му и да го облечи дресот на Реал Мадрид.

Comments are closed.