Стигна на 5 јануари како засилување, а сега ги спрема куферите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Матеј Митровиќ само што стигна во Бешикташ, а веќе може да ги спакува куферите и да го напушти Истанбул.

Бешикташ хрватскиот репрезентативец го купи за 4.2 милиони евра од Ријека, а трансферот е официјализиран на 5 јануари во оваа година.

Меѓутоа, сега Митровиќ може да го напушти Бешикташ, и не е исклучено да го засили Андерлехт.

Имено, турските медиуми пишуваат дека Бешикташ е спремен да го понуди на Андерлехт со одредена сума на пари, додека во Инстанбул би стигнал Ерсан Гулум.

Освен тоа, Андерленхт ќе има право да го откупи договорот на Митровиќ на крајот на сезоната.

Митровиќ за Хрватска одигра четири натпревари, а играше порано во Цибалија и Ријека, во чиј дрес запиша 77 настапи.