„Ќе видиме што ќе речат критичарите“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул ги поделија бодовите во вчерашниот меч од 21 коло од англиската Премиер лига одигрувајќи 1:1.

Тренерот на Црвените ѓаволи Жозе Мурињо порача после мечот дека Ливерпул беше попаметен во мечот, но не делуваше претерано незадоволен од резултатот.

„Ливерпул беше попаметен. Знаеја како треба да играат и да ги контролираат емоциите. Бевме свесни дека ќе има проблеми во последните секунди бидејќи напаѓавме, а тие се бранеа. Ќе видиме што ќе кажат критичарите. Јас уживав, но нормално сум разочаран бидејќи не ги освоивме трите бода“, рече  Мурињо после мечот.

Да потсетиме дека Јунајтед после овој бод остана на 6 место од Премиер лигата со 40 бодови, дури 12 помалку од лидерот Челси и приказната за титулата за нив веројатно е готова.

Во наредниот меч Манчестер Јунајтед гостува кај Стоук Сити.