Падна договор околу Гризман!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изгледа дека повеќе нема никаква дилема и сите страни ќе бидат задоволни!

Антоан Гризман заминува од Атлетико на лето.

Беше прашање на цена, но во Атлетико успееја да го добијат тоа што го сакаа. Манчестер Јунајтед ќе ја плати клаузулата за Французинот од 100 милиони евра и ќе го доведе одличниот напаѓач.

Мурињо не криеше дека тој е прва мета, во почетокот Ѓаволите се ценкаа, но на крајот се решија да ја искористат вољата на играчот и да го пресечат секој обид на некој друг клуб.

Клаузулата ќе биде платена, и Атлетико чист пред навивачите, тие не можат да го спречат Гризман кој ќе се приклучи на својот пријател Погба во дресот на Ѓаволите.

Тоа веројатно значи крај за Вејн Руни во Јунајтед, Гризман треба да формира напаѓачки тандем со Ибра кој останува.

Мурињо така го реши најголемиот проблем во шпицот за наредната сезона и почна со создавање на тим за титула.

„Индепендент“ наведува дека ќе има доста промени во средниот ред каде што на мета се младиот Кеси од Аталанта, Немања Матиќ од Челси кој е тешка мисија, а на лето Мурињо ќе је реновира одбраната.

Десниот бек е приоритет, ќе биде веројатно доведен и партнер на Бејли, но искусен стопер.

Во клубот не се дури ни загрижени за можноста да не биде во топ 4, односно за повторно да ја пропуштат ЛШ, бидејќи имаат доста пари да исфинасираат нов богат преоден рок и да направат тим за напад на титулата.