Милан се поблиску до засилување од Премиер лигата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Милан речиси сигурно ќе доведе фудбалер на Евертон, останува да се види под какви услови.

Џерар Делуфеу е на мета на Милан и тоа никој во клубот не го крие.

Го сака Галијани, дури и во медиумите споменуваше можност да го доведе, а пред неколку дена истакна дека чека одговор од страна на Евертон за овој офанзивен играч за врска.

Милан го сака на позајмица, но со опција на купување на крајот на сезоната, додека Евертон сака само да го испрати на позајмица, без никаква опција за Милан на крајот на сезоната.

Договор меѓу фудбалерот и Милан падна, Делуфеу  изрази желба да игра за екипата на Винченцо Монтела, ќе видиме само како ситуацијата ќе де одвива кога е проблемот на релација Милан-Евертон во прашање.