Можеме да здивнеме – Повредата на Миркуловски не е тешка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Можеби нерешениот резултат не израдува, но повредата на Миркуловски фрли сенка на натпреварот и резултатот.

Сериозно изгледаше повредата на Миркуловски, но од тимот пристигна информација дека тој е полесно повреден.

Мускулот на ногата не му е скинат, па ќе биде во можност да настапи против Норвешка во сабота.

Повеќе детали за неговата повреда ќе бидат познати во текот на денот, а се надеваме дека и Дејан Манасков е во ред и дека и тој ќе може да помогне против незгодната Норвешка.