Еврогол на Алаба во победата на Баерн, германското чудо му го нанесе првиот пораз на Хофенхајм


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од 18-то коло од Бундеслигата се одиграа уште пет натпревари.

Баерн Минхен го победи Вердер Бремен со 1:2 на гости.

После половина час игра Рибери му асистираше на Робен кој погоди за водство на баварците.


Arjen Robben Goal HD – Werder Bremen 0-1 Bayern… by gashieliesaa

Пред крајот на првото полувреме Алаба постигна фантастичен погодок од слободен удар за 0:2.


David Alaba Goal HD – Weder Bremen 0-2 Bayern… by Live1Goals

Крузе во 52-ра минута намали на 1:2 со кои на крајот заврши натпреварот.


Max Kruse Goal HD – Weder Bremen 1-2 Bayern… by Live1Goals

 

Лајпциг го победи Хофенхајм со 2:1.

Амири му донесе водство на Хофенхајм во 18-та минута. Неколку минути подоцна Вернер го израмни резултатот. Во второто полувреме Вагнер доби црвен картон и Хофенхајм остана со 10 фудбалери на теренот. Сабицер десетина минути пред крајот на натпреварот ги постави конечите 2:1.

Во останатите натпревари Келн го победи убедливо Дармштадт со 1:6, Инголштадт на домашен терен го совлада Хамбургер со 3:1 и Аугсбург на гости славеше против Волфсбург со 1:2.