Штрасер и Шифрин победија во паралелен слалом во Стокхолм


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германецот Линус Штрасер направи изненадување во паралелен слалом во машка конкуренција додека кај жените најдобра беше Микаела Шифрин.

Штрасер меѓу 16-те натпреварувачи стигна по откажувањето на Феликс Нојројтер, а потоа во првата рунда го изненади Кристоферсен.

Следуваа победи во дуелите со Стефан Грос и Матијас Харгин, па во финалето беше подобар од Пантиро за 0.13 секунди.

Германецот стигна до првата победа во кариерата во Светскиот куп, а најверојатно нема да го гледаме на СП кое на 6-ти февруари почнува во Сент Морис.

Шифрин до победа стигна со победата против Вероника Велез Зузулова со 0.10 секунди предност во финалето, а претходно беше побрза од 3-то пласираната Хансдотер, Мари-Мишел и Аделин.

Американката ја искористи предноста пред Лара Гут и ја зголеми предноста во генералниот пласман на 180 бодови.