„Победа со деветмина е позначајна од 3 бода“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Милан Винченцо Монтела не го криеше воодушевувањето после победата на својот тим во Болоња со деветмина играчи.

Росонерите уште во првото полувреме останаа без исклучениот Палета, а во 59 минута надвор од игра мораше и Куцка. Сепак, со голот на Марио Пашалиќ во финишот на мечот Милан дојде до исклучително важна победа во борба за место кое во следната сезона води во Европа.

„Тешко се кријат емоциите после ваква игра. Ова е неверојатна победа и значи многу повеќе од три бода. Тоа докажува дека нашиот тим има душа“, беше презадоволен Монтела после дванаесеттиот триумф во Серија А.