Хеитинга „плаче“ – Повеќе нема пари ниту за приватен авион!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер Џон Хеитинга се жали затоа што не е повеќе богат како порано и што нема пари за приватен авион.

Порано тој играше во Атлетико Мадрид, Евертон, Фулам и Херта, па се врати во Холандија.

33-годишниот фудбалер се прости од фудбалот, но вели дека не е повеќе богат.

„Имав многу пари додека играв, а сега морам да штедам.“

Неговата сопруга додаде на ова:

„Често летавме и со приватен авион, но сега не може да си го дозволиме тоа. За празници одиме во нашата вила.“

Нив ги напушти и приватниот стилист Дени Блес, па очигледно дека пред семејството се уште тешки денови.