Барселона со пресврт го доби дербито против Веспрем – Борко фантастичен, само 2 погодоци на Лазаров


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометарите на Барселона го победија Веспрем во Унгарија во натпревар од десетото коло во ЛШ со 22:25.

Веспрем после првото полувреме имаше минимално водство, 14:13. Во второто полувреме каталонците се разиграа, во еден момент имаа и четири погодоци предност. На крајот победија со 22:25.

Андерсон и Ривера со по 5 погодоци ја предводеа Барселона. Македонскиот репрезентативец, Кире Лазаров го заврши натпреварот со 2 погодоци. Македонскиот голман Борко Ристовски запиша 11 интервенции на денешниот натпревар. Кај Веспрем, Наџ и Гајиќ постигнаа по 6 погодоци.

Девета победа за Барселона во групната фаза, а Веспрем денес го запиша четвртиот пораз.