Блескава партија на Тијаго Алкантара!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баварците го декласираа Арсенал, а најголема заслуга за тоа оди на двојниот стрелец.

Актуелниот шампион на Германија ги декласираа Топџиите во првиот дуел на овие две екипи во рамките на 1/8 финалето на ЛШ.

Во стрелците се запишаа Робен, Левандовски, два пати Алкантара и Томас Милер, а токму поранешниот играч на Барселона беше апсолутен јунак на минхенскиот состав.

Тој покрај два гола запиша и една асистенција, кога го проигра Милер во самиот финиш на дуелот, а репрезентативецот на Германија беше благодарен, т.е после одличната финта го совлада Оспина.

Имаше стопроцентна ефикасност, бидејќи постигна голови од единствените два шута кои ги упати кон голот на Арсенал, како и 93 % на успешни пасови, два клучни пасови и три успешни стартови.

Навистина блескава партија, што би рекле за „чиста десетка“.