Трето злато за Далмајер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германката Лаура Далмајер освои злато на индивидуална трка на 15 километри и така дојде до 3-та титула на СП во Хохфличен.

Водечката во генералниот пласман на Светскиот куп на целта стигна со време од 41:30.1, со скоро 25 секунди предност во однос на Кукалова.

Италијанката Рунгалдир имаше 20 погодоци, но освои бронзен медал, со 1 минута и 45 секунди заостанување.

Мари Дорин Абер, која ја бранеше титулата, имаше 4 промашувања и го заврши натпреварувањето на 40-то место.