„Ростов е лош ждреб за нас!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Јунајтед, Мурињо не е задоволен со ждребот за 1/8-финале во ЛЕ.

„Ова е лош ждреб за нашиот тим. Патот до Русија е долг и тежок, а натпреварите доаѓаат во незгоден момент. Тие играа добро во ЛШ. Го победија Ајакс и Андерлехт во квалификациите, играа добро против Баерн и Атлетико, а го елиминираа ПСВ.“

Натпреварите помеѓу Јунајтед и Ростов се играат на 9-ти и 16-ти март. Во тој период Јунајтед има натпревари со Борнмут, Челси и Миделсброу.

Интересен е податокот дека тренерот на Ростов, Бердиев ги победи Барселона и Атлетико во гости, како и Челси, Тотенхем, Интер и Баерн на домашен терен во последните неколку сезони.