Уште еден нокаут – Вајлдер ја одбрани титулата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот боксер Вајлдер ја одбрани титулата во светот во тешка категорија според ВБЦ верзијата.

Тој во Бирмингем го победи Вашингтон со нокаут во 5-та рунда. Бронзениот бомбардер лошо влезе во натпреварот со Вашингтон, изгуби 4 рунди, но во 5-та покажа зошто се смета за еден од најдобрите боксери/

Со неколку жестоки удари го испрати својот противник на земјата.

Ова за Вајлдер беше 38 победа во кариерата во која нема пораз. Дури 37 натпревари ги заврши со нокаут, но вистинските предизвици доаѓаат сега, затоа што ќе мора да се бори со победникот од натпреварот помеѓу Џошуа-Кличко.

За Вашингтон ова е прв пораз во кариерата во која има 18 победи.