Остана уште малку – Мекларен и Алонсо ќе се разделат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Алонсо би можел да го напушти тимот на Мекларен по нареднава сезона.

Тимот доживеа дебакл на првите тестови за новата сезона која веројатно ќе биде големо разочарување.

Се очекуваше соработката на Мекларен и Хонда да донесе борба за титулата во својата трета година, но со оглед на проблемите со тестовите тоа нема да биде сензација.

Мекларен 4 денови се мачеше со различни технички проблеми и лоши перформанси, а тоа најверојатно ќе значи заминување и на Алонсо на крајот на 2017.

„Секако дека Алонсо не е среќен затоа што сакаме да се бори за победи. На нас во Мекларен ни е важно тимот да биде на ниво на кое тој го заслужува. Се надевам дека ќе биде тука и во 2018-та година. Не сум сигурен. Тој и понатаму е еден од најдобрите возачи.“

На тестовите во Барселона најмногу се покажаа Мерцедес и Ферари.