„Не е вистинско време да разговарам со играчите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Насер Ал Келаифи, претседател на Пари Сен Жермен, изјави дека сеуште не разговарал со играчите.

Парижаните во средата на Ноу Камп прокоцнаа предност од 4:0 и на неславен начин се простија од понатамошното натпреварување во ЛШ, а после натпреварот новинарите ги интересирасше каков коментар за натпреварот има претседателот на францускиот клуб Насер Ал Келаифи.

„Иако требаше да добиеме два пенали, не бараме изговори. Во првиот дел не ни игравме. Тешко е да прифатиме ваков пораз после се што направивме во првиот натпревар, но што тоа е“, изјави Ал Келаифи и додаде:

„Сеуште не е време да разговарам со играчите. Сите се нервозни, што е и нормално, па така прво треба да се смириме“, истакна претседателот на ПСЖ.

Во четвртфиналето од ЛШ засега покрај Барселона се уште реал Мадрид, Борусија Дортмунд и минхенски Баерн.